Музички вести

Давид Темелков објави три песни како најава за албум со македонски народни песни „Аманет„

todayApril 3, 2024 641

Background
share close

Со авторската песна „Мојата Македонија„, крунисана со Златна Бубамара, Давид не само што ја изрази љубовта кон татковината, туку најави и албум исполнет со едни од најубавите македонски народни песни.

Како своевиден вовед во сето она што доаѓа, Давид во овој предвелигденски период донесе дел од себе преточен во свој оригинален музички израз, пропратен со врвните уметнички аранжмани потпишани од Александар Јовевски.

За почеток ви открива три македонски народни песни: „Елено ќерко„, „Кога падна на Пирина„ и „Налеј, налеј„.

Секој Македонец ја знае тежината што ја носат овие народни песни како неизоставен дел од македонскиот народен фолклор и историја. Споменатите песни се најава за албум со македонски народни песни што ќе им биде оставен бо аманет на денешните генерации, но и на идните генерации македонци кои доаѓаат.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%