Музички вести

ПОЧИНА СРПСКАТА РОК-ПЕЈАЧКА СЛАЃАНА МИЛОШЕВИЌ

todayMarch 26, 2024 159

Background
share close

На 69 години, денеска во Белград почина српската авангардна уметница и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ, потврди за агенцијата ФоНет нејзината пријателка Билјана Петровиќ.

Милошевиќ почина во Болницата во Земун по кусо боледување.

Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година и важеше за икона на новиот бран од 1980-тите во Југославија.

Милошевиќ дебитира на југословенската 1977 година со песната „Ау, ау“ и истата година го имала првиот голем настап на концертот кај Хајдучка чешма во Белград, каде што пеела пред бендот „Бијело Дугме“. Еден од нејзините најголеми хитови е дуетот со Дадо Топиќ, „Принцеза“.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%