LIVE 2
LIVE
Mak POP-ROCK
ExYU POP-ROCK
ExYU hits
80s hits
Love songs
Caffe radio
Lounge bar
Mak folk
Funk & soul
todayMarch 21, 2024 97
Шармантната вокалистка на хрватската група „Нови фосили“, насмеана и расположена, од студиото на Радио бубамара го најави претстојниот концерт на една од најомилените поп-групи во екс-ју просторот, закажан на 9 април во Македонската филхармонија. Со овој концерт групата го одбележува 55-годишното постоење и фантастичната кариера со бројни хитови, концерти низ целиот свет и врвна омиленост во регионот.
„Кога би најавила што ќе пееме, би одговорила – се – но, тоа е неможно, зашто концертот така би траел сигурно 15 часа“, се смее Сања Долежал, објаснувајќи дека се уште имаат дилеми околу конципирањето на програмата за концертот.
„Нови фосили“ доаѓаат во Скопје по речиси по 30 години од нивното последно гостување кај нас. Во 2018 беа гости на Златната бубамара на популарноста, кога со хитовите на „Нови фосили“ ја кренаа на нозе публиката во арената „Борис Трајковски“
Групата сега ја носи додавката „Сања, Зец и Маринко“, затоа што, по смртта на Ненад Шариќ и Рајко Дујмиќ, со вокалистката Сања Долежал настапуваат гитаристот Владимир Кочиш-Зец и басистот Маринко Колнаго.
Групата „Нови фосили“ има снимено 21 албум. Во 1987, како претставници на поранешна Југославија, настапија и на изборот на песна на Евровизија, кога го освоија четвртото место со песната „Јас сум за танц (Ја сам за плес)“.
„И натаму настојуваме да сме бенд за сите генерации и нашата музика да ја слушаат и родителите и децата, и бабите и деовците“, вели Сања Долежал.
55-та годишнина од постоењето на групата, „Нови фосили“ ќе ја одбележат со серија концерти во регионот, а скопскиот – на 9 април – е првиот од нив. Во 2018 година, групата доби Златна бубамара на популарноста за трајни вредности и на сцената го испеа хитот „Како је добро видете ти опет“ со поранешните ракометарки на Кометал Ѓорче Петров кои во 2002 година беа европски шампионки.
Written by: radiobubamara_editor
For every Show page the timetable is auomatically generated from the schedule, and you can set automatic carousels of Podcasts, Articles and Charts by simply choosing a category. Curabitur id lacus felis. Sed justo mauris, auctor eget tellus nec, pellentesque varius mauris. Sed eu congue nulla, et tincidunt justo. Aliquam semper faucibus odio id varius. Suspendisse varius laoreet sodales.
close1
Меморија
2
Во земјата на чудата
3
Слаткаристика & Тони Зен
Post comments (0)