Музички вести

Фрајле порачуваат: Време е за пријатели!

todayFebruary 28, 2024 81

Background
share close

Денеска точно напладне, српската група Фрајле ќе го промовира новиот сингл „Пријатељ“, во рамките на албумот „Дневник душе“.

„Да се работи со уметници како Сергеј, Ади, Лозано, Лука е универзален јазик на музиката кој како Фрајле го негуваме последните 15 години. Лозано го запознавме и лично и преку неговата музика. Македонија е земја со многу прекрасни уметници, Лозано е еден од нив и мило ни е што направивме соработка во оваа песна. Траењето значи квалитет. Нам музиката ни даде се. И љубов и одобрување и публика, а ние се одѕиваме преку новите песни и уште подобрите настапи во текот на овие години на турнеите кои се исполнети до последното место. Најголем комплимент кој музичарот може да го добие е љубовта од публиката“, велат од Фрајле.

Песната „Пријател“ ќе биде промовирана на Радио Бубамара, а фановите на Фрајле ќе имаат можност да ја слушнат во живо на мини-турнејата на оваа група во Македонија, во март кога ќе одржи концерт во Битола, Штип, Струмица и два пати во Скопје.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%