Музички вести

Дани со нов сингл – Ќе ме сакаш ли?

todayFebruary 1, 2024 63

Background
share close

„Нашата ментална опсесивност да го загарантираме и она што е невозможно да се гарантира е поривот за оваа песна. Љубовта се живее, не се планира, а најмалку се гарантира. Љуби, живеј!“, вели Дани.

„Ќе ме сакаш ли?“ е симпатичен приказ на човечката опсесивна потреба за сигурност, барањето гаранција од друг човек за вечна љубов.

Композитор и текстописец на песната е Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов. Музичкиот спот за „Ќе ме сакаш ли” од денес е достапен на Јутјуб, а аудио записот и англската везија се поставени на сите музички платформи.

Режијата на спотот е на Марио Станковиќ, а Ени Вучидолова е асистент режисер. Спотот е во продукција на 2by4Digital.

Дани Димитровска е една од ретките женски рок артисти во нашата земја, доследна на својот звук веќе 25та година. Очекуваме концертно заокружување на 25ката, а дотогаш ви ги пренесуваме нејзините актуелни музички дејства.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%