Музички вести

Каролина Гочева го објави новиот хит

todayDecember 19, 2023 85

Background
share close

Каролина Гочева премиерно го објави видео спотот за песната „Дај на сунце“ на нејзиниот YouTube канал, а песната е сега достапна и на сите стриминг платформи.

Музиката и текстот на песната се на Дино Мухаремовиќ, аранжманот на Дино Сукало, а спотот е во режија на Миомир Милиќ. Станува збор за нова емотивна балада, за која е снимен спот во црно-бела верзија.

Помалку од еден час откако беше објавен спотот, веќе собра голем број прегледи и лајкови. Во коментарите се нижат голем број пофални зборови, упатени до нашата пејачка и нејзината најнова песна, како од Македонија така и од публиката во регионот.

Новата песна на Каролина Гочева неделава е хит на Радио Бубамара.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%