Музички вести

Балканскиот бисер опеан во новата песна на Давид Темелков

todayOctober 13, 2023 169

Background
share close

Балканскиот бисер, нашата Македонија е неброено пати опеана во голем број традиционални и народни песни, но ретко се случува да е опеана во песна која тешко би се сврстила во некој жанр.

“Мојата Македонија” е новиот сингл на македонскиот пејач Давид Темелков во кој Давид низ низа емоции ја опева својата Македонија.

“Оваа мелодија долго ме следеше и долго ми најавуваше дека сака да постане дел од мојот живот.

Едно утро само решив тоа да го направам и мојот живот и поглед кон Македонија да ги преточам во песна. 4 години зрееше и тлееше, чекаше во мене…
До сега сум отпеал многу песни, но овој пат беше поинаку.

За прв пат додека ја снимав оваа песна почувствував некоја стравопочит, некоја чудна одговорност која до сега не сум ја почувствувал… Срцето ми чукаше доста забрзано и емоциите беа тешко скротливи. Прв пат се исплашив од некоја песна.

Оваа песна е еден поклон од Македонија за мене, и од мене за Македонија… Ти благодарам Македонијо!”, вели Темелков.

Автор на музиката и текстот е самиот Давид, а во аранжманот свои прсти вмешува фантастичниот Александар Јовевски.

“Оваа песна четири години чекаше и зрееше. Исклучително ми е драго што заедно со Александар ја облековме достојно за вечност.”

Оваа недела, новата песна на Давид Темелков е хит на Радио Бубамара.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%