Музички вести

Словенечкиот кантавтор и писател Зоран Предин со нова навивачка песна!

todayAugust 25, 2023 67

Background
share close

Предводникот на популарниот Лачни Франц, Зоран Предин, освен музиката, ја сака и кошарката. Кога овие две љубови ќе се спојат, се создава нова песна наречена „Топката има душа”. Доаѓа сезоната на кошаркарски натпревари, што дополнително го поттикна навивачот во Зоран да создаде нова привлечна навивачка мелодија, а за да ги надмине регионалните  јазични бариери, песната е снимена во три верзии, и тоа на хрватски, словенечки и македонски јазик.

„Како долгогодишен љубител и почитувач на кошарката, по повод овогодинешното светско првенство во кошарка, ја напишав песната „Топката има душа“. Тоа е песна за нас, посебно кошаркарско племе кое не прави разлика меѓу пол, вера, националност и боја на кожа. Токму спротивното. Воодушевена од оваа игра, таа не обединува како сродни души од сите возрасти и професии. Истите тројки и банани не креваат на нозе, сите наши победи се подеднакво слатки за секого и нашите солзи се подеднакво горчливи за сите. Затоа пеам дека топката има душа и дека нејзиниот ритам секогаш не носи во подобар свет, светот на нашиот омилен спорт кој секогаш ни ги исполнува срцата со најубави чувства.“

 

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%