Музички вести

Јуре Бркљача со нова прекрасна балада!

todayAugust 25, 2023 105

Background
share close

Овогодинешното издание на 26-те  Вечери на далматински шансони во Шибеник, повторно беше музичко патување каде публиката уживаше во новите песни за кои допрва ќе се зборува.

Причина за славење имаше и младиот Јуре Бркљача, кој е секогаш добредојден гостин на овој фестивал, секако заедно со неговиот авторски тим.

Композицијата „Treba znati reći kad je kraj“ која ја испеа во живо  таа вечер, не остави никого рамнодушен, вклучително и стручното жири, но и тамошната публика.

Соработката со двајцата исклучителни и повеќепати наградувани автори, Мирослав Рус, кој ги напиша музиката и текстот, и Никша Братош, кој беше одговорен за аранжманот и продукцијата, и овој пат се покажа како добитна комбинација.

Имено, песната „Treba znati reći kad je kraj“ во изведба  на Јуре Бркљача, на фестивалот во Шибеник, беше прогласена  за „Најкомплетно музичко дело“.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%