LIVE 2
LIVE
Mak POP-ROCK
ExYU POP-ROCK
ExYU hits
80s hits
Love songs
Caffe radio
Lounge bar
Mak folk
Funk & soul
Албумот „4 AСA“, кој од минатата недела е достапен за претплата на webshop.crorec.hr, очекувано предизвика голем интерес. Tој ќе биде уште поголем бидејќи целиот албум е достапен на сите дигитални платформи. Овој двоен топ албум на годината содржи триесет и девет одлични песни во необични дуети и соработки. Како двојно цеде на музичкиот пазар излегува во петок, на 4-ти август 2023.
Едноставно насловен „4 АСА“, тоа е албум кој Јурица Паѓен, Владо Калембер и Ален Исламовиќ со голема помош на Славко Пинтариќ Пишта и Игор Матковиќ го снимаа една година.
Бидејќи местото на големиот композитор Рајко Дујмиќ остана празно, тројцата легендарни пејачи решија тоа место да го пополнат со свои гости. И дури четириесет и седум гости на вкупно триесет и девет песни. Гости на 4 АСА се најголемите музички имиња, големи инструменталисти, актери, еден детски хор, една клапа, еден спортист и научник.
Хусеин Хасанефендиќ, Миа Димшиќ, Борис Новковиќ, Нено Белан, Давор Гобац, Даворин Боговиќ, Срѓан Сахер, Алка Вуица, Борис Новковиќ, сопраните Сандра Багариќ и Марија Видовиќ, најголемите словенечки кантавтори / Владо Креслин и Зоран Предин, Клапа св. Миховил, Франо Ласиќ, Бранко Ѓуриќ, Дубравко Шименц, светски познатите музичари Питер Соаве и Данијел Вулетиќ, добитник на неколку Греми и многу други…
На албумот се најдоа големи хитови како „Обична љубовна песна“, „Ружица си била“, „Лутка за бал“ „Мојата прва љубов“, „Зора је“, „Милена“…, и некои традиционални песни, кои звучат навистина одлично.
Музичката продукција на албумот ја потпишуваат Хрвоје Грчевиќ, Владо Калембер, Јурица Паѓен и Ален Исламовиќ.
Албумот со најдобрата плејлиста може да го најдете на webshop.crorec.hr со попуст од 15% за купување однапред, како и на сите дигитални платформи.
Written by: radiobubamara_editor
For every Show page the timetable is auomatically generated from the schedule, and you can set automatic carousels of Podcasts, Articles and Charts by simply choosing a category. Curabitur id lacus felis. Sed justo mauris, auctor eget tellus nec, pellentesque varius mauris. Sed eu congue nulla, et tincidunt justo. Aliquam semper faucibus odio id varius. Suspendisse varius laoreet sodales.
close1
Kiki Rahimovski
2
Oliver Dragojevic
3
Lavica
Post comments (0)