“Flowers”-заеднички сингл на Лили, Принц и Паула!
Written by Р.Б. on јули 5, 2021
Македонската пејачка Лилјана Атанасова попозната како Лили, а популарна во култните места низ Скопје како самостоен Unplugged музички изведувач, препознатлива е по евергрин изведбите на познати наши македонски, екс ју и странски песни со нејзиниот доста специфичен глас.

Изминативе денови објави нова песна за која напиша:
-„Flowers! Песната има интересна историја и сакам да ја споделам. Направена е 2005 година периодот кога имав потпишано договор со Љиљана Петрович (Final cut production) Проектот што требаше да се реализира се викаше “Let’s make a star” и требаше на албумот да има 10 песни. Имавме песна од Тоше, Калиопи, Роберт Билбилов… меѓу кои и оваа песна 🙂 Тој проект за жал не се реализираше и песнава остана така…. Пред две години кај Принц во студиото заедно со други музичари ја снимавме химната за децата со аутизам и случајно го прашав: “Принц абе таа песната “Flowers” каде ти е? И само рече “еве ја бе”, ми ја пушти и одма се договоривме да ја снимиме. После тоа се случи пандемијава… И покрај тоа што очигледно имаше неколку сериозни препреки, еден нереализиран проект и пандемија, не се предаде и конечно еве ја сега !
Слушнете и погледнете.“
Музика, текст, аранжман, видео – Александар Ристовски-Принц
Благодарам на Паула Купер Трајковска за учевството
Пратечки вокали – Маја Саздановска