Eд Ширан и Елтон Џон ја отворија сезоната на божикни хитови

Written by on декември 3, 2021

Една вистинска легенда на британската музика и една друга легенда во создавање ја објавија три недели пред Божик заразната, весела и придвижувачка песна „ Merry Christmas“.

Ширан на крајот на октомври го објави албумот „= (equals)“, а двата најголеми хита од него „Bad Habits“ and „Shivers“ веќе ги освоија врвовите на топ-листите од двете страни на Атлантикот.

Елтон Џон имаше свој момент со албумот со соработки, снимен за време на пандемискиот локдаун, од кој водечкиот сингл „Cold Heart“ со Дуа Липа експресно стана глобален хит.

Со такво позитивно забрзување, двете британски музички ѕвезди се обединија и ја снимија песната „Merry Christmas“, која се појави денес на стриминг-платформите, и која уште од сега се заканува дека ќе биде сеприсутна секоја наредна година за време на празниците. „Merry Christmas“ е една од трите празнични песни кои Ширан и Елтон Џон ги имаат напишано заедно. Со песната се појави и соодветно новогодишно видео – со накитена елка, со оган во каминот, со Елтон Џон крај клавирот, со Ед Ширан кој лета со Снешко и со големо финале со цела група новогодишни помошнички.


[There are no radio stations in the database]