Музички новости
Page: 7
Денешниот 5 јуни е 67-от постхумен роденден на легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“ – Аки Рахимовски. Роден на денешен ден 1955, Аки почина на 22 јануари годинава, оставајки зад себе неверојатни 19 студиски албуми, снимени со групата „Парни ваљак“, и уште неколку компилациски и снимени во живо. Многу од овие песни се вброени во […]
Сите современи стравови, неодговорени прашања, збунувачки дилеми и колективната анксиозност која ја споделува светот во моментов, Бајага ги отпеа во новата песна насловена едноставно „21 век“. На сопствен текст, музиката ја напиша Бајага во соработка со А.Локнер. „Траума во главата, која луѓето ја слушаат, траума во времето што го живеат…“, вака некако Бајага го опишува […]
Новиот сингл „Не мислим више на тебе“ на Алка Вуица има интересен авторски тим – музиката ја напиша Марија Мирковиќ, некогашната членка на „Фрајле“, а аранжманот, миксот и мастерингот се дело на Тоше Поп Симонов. -Песната е направена одамна, уште во 1980-ите, а ја најдов средувајќи ја својата архива. Ја испратив на Марија, која тогаш […]
Во пресрет на летото, Сергеј Ќетковиќ, ја израдува својата публика со нова песна, вториот сингл од седмиот студиски албум „Кофер“, кој се очекува оваа есен да го здогледа светлото на денот.По истоимената, најавна песна од албумот, која ја објави минатата година, со малку поинаков музички и авторски израз, Сергеј овој пат се претставува со нова […]
Бојана Скендеровски ја промовираше својата нова песна „Среќа и несреќа“.Песната е во продукција „Скендеровски“, снимена на македонски и на српски јазик. Комплетен автор на песната „Среќа и несреќа“ е Саша Милошевиќ-Маре, а препевот на текстот на македонски јазик е на Огнен Неделковски. За новата песна Бојана сними и видеоспот под режисерската палка на Били Д, […]
„Бегаме“ е новото музичко остварување на Дани Димитровска во соработка со Бранислав Николов од групата Фолтин или познат како Пијан Славеј. Музиката и текстот се на Весна Малинова, а аранжманот го потпишува Јордан Манов кој стои зад ова дело. „Трчањето е одраз на човековата површност во модернистичкиот колектив; отуѓеност, одвојување во суперлативи… страв од одговорност […]
Пет композиции со вкупно времетраење од 18 минути го сочинуваат новиот албум на Бранислав Николов, фронтменот на групата „Фолтин“. Под неговиот уметнички алијас Пијан славеј, Бранко Фолтин на овој албум во издание на Скопје џез фестивал, презентира „поконкретна музика со поетски сензибилитет на една нова македонска шансона“. „Потоа, тоа стана импулс за послободна и поширока […]
Саксофонистот Горан Папаз, минатиот месец, ја промовираше песната насловена „Овој момент“, каде гостува и легендарниот Влатко Стефановски, а минатата недела го објави и спотот за истата. „Не можам да опишам со зборови колку ми значи ова парче музика на кое ми гостува човекот кој никого нè оставил рамнодушен со неговото свирење. Бескрајно сум благодарен на […]
Мијата, во пресрет на летото, објави нова песна насловена „Враќање дома“. Музиката е на Александар Пешевски, текстот го напиша Весна Малинова, а аранжманот е на Дамир Пух, Наташа Миха и самата Мијата, која овој пат се јавува и како режисер на интересна видео приказна со која е пропратена новата песна. „Снимањето на спотот беше моето […]
„Дани који сјаје“ е новиот сингл на загрепската поп-рок група „Павел“, во која гостуваат и Сања Долежал, Владимир Кочиш Зец и Маринко Колнаго, поранешни членови на групата „Нови фосили“. -Оваа песна е наша посвета на некои поубави времиња, на детството, музичките касети, „Мастерс“ фигурите, мирисот на маминиот лак за коса, време на останувањето доцна надвор, […]