Музички новости
Page: 5
Неделава како еден од хитовите на програмата на Бубамара радио, секој втор час ја слушате шармантната песна „У македонском ресторану“ на хрватскиот музичар Мики Солус од неговиот нов албум со необично име „Najbolji su pjevači bez sluha“. Во песната „У македонском ресторану“ се спомнуваат личности од историјата и сегашниот живот на Македонија и низ веселиот […]
Дванаесетиот студиски албум на Кики Лесендриќ и „Пилоти“ излезе деновиве по 6-годишна пауза во издание на „Кроација рекордс“. Албумот „Мали трагови на небото“ претставува десет нови песни, подготвувани во последниве три години. -Задоволен сум, особено затоа што секоја од овие 10 песни е некако поврзана со наредната. Се надевам дека меѓу нив ќе има и […]
Гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски и националниот фолклорен анасабл „Танец“ изминатиов период одржаа незаборавни концерти во Белград, на Коларац, и во загрепската сала „Лисински“, приредувајќи за публиката во преполните сали ретко музичко доживување. Двата македонски музички бренда одржаа незаборавен сценски спектакл, неподелени се критиките во обата града. -Често пати сум настапувал во различни формации, но настапот […]
Цело Скопје и Македонија се собраа за македонската премиера на албумот „Македонисимо“ на славниот пијанист Симон Трпчевски, пет години по светската премиера во Лудвигсбург, Германија. Оттогаш целиот свет го слушна музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва – спојот на македонската народна песна со џез и класична музика, со потпис на композиторот Панде Шахов кој […]
Вчеравечер, македонската поп-пејачка Каролина Гочева го објави својот нов музички хит задно со видео спот. Ова беше големо изненадување за сите обожаватели на Каролина. Станува збор за диско-љубовна песна насловена „Од небо до дно“. Музиката е на Каролина Гочева, аранжманот е на Роберт Билбилов, а текстот е дело на Весна Малинова и Владимир Даниловиќ.
Синоќа, во Битола, во амфитеатарот во античкиот град, Хераклеја Линкестис, во рамките на “Илинденски денови“ и “Бит фест“ концерт одржаа двата големи уметнички бренда Танец и Влатко Стефановски. Музичарите на “Танец“ заедно со Влатко ја делеа сцената на големиот концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“, „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и […]
Познатиот пејач и композитор Роберт Билбилов направи уште едно ремек-дело, но овојпат го зачува за себе, односно го отпеа во дует со младата пејачка Лара Иванова. Песната носи наслов „Јас против целиот свет“, а автор на музиката и аранжманот е токму Роберт, додека како текстописец се потпишува Робин Зимбаков. Роберт и Лара за нивната дуетска песна снимија и […]
Ламбе Алабаковски објави нова песна по седум години пауза и со тоа го најави неговиот „камбек“ на македонската музичка сцена. Новиот сингл е со наслов „На чекор од брегот” и е снимен кај Димитар Андоновски, а музиката ја направи Александар Тарабунов. Текстот е на Зоран Стојановски- Зонде, кој исто така е режисер и на видеоспотот […]

На самиот почеток летово, освен море, сол и сонце, ни ја носи и новата балада на Давид Темелков, и тоа од најголемиот регионален фестивал “Сунчане Скале” кој се одржа во Херцег Нови. Од овој фестивал потекнуваат голем број балкански ѕвезди кои изградиле блескава кариера. Токму во нивно друштво, како и во друштво на многу млади […]
Нов хит на Суперхикс насловен „Крута“ Суперхикс Банда Инструментале – бенд кој скоро 30 години ја пишува македонската музичка историја, го објави својот нов сингл насловен „Крута“. Синглот е снимен во текот на месец јуни оваа година во студиото ТРА ЛА ЛА на Мите Димовски, а е првиот од неколкуте нови синглови на Суперхикс кои публиката со […]