Музички новости

Page: 2

Вчеравечер, македонската поп-пејачка Каролина Гочева го објави својот нов музички хит задно со видео спот. Ова беше големо изненадување за сите обожаватели на Каролина. Станува збор за диско-љубовна песна насловена „Од небо до дно“. Музиката е на Каролина Гочева, аранжманот е на Роберт Билбилов, а текстот е дело на Весна Малинова и Владимир Даниловиќ.

Синоќа, во Битола, во амфитеатарот во античкиот град, Хераклеја Линкестис, во рамките на “Илинденски денови“ и “Бит фест“ концерт одржаа двата големи уметнички бренда Танец и Влатко Стефановски. Музичарите на “Танец“ заедно со Влатко ја делеа сцената на големиот концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“, „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и […]

Познатиот пејач и композитор Роберт Билбилов направи уште едно ремек-дело, но овојпат го зачува за себе, односно го отпеа во дует со младата пејачка Лара Иванова. Песната носи наслов „Јас против целиот свет“, а автор на музиката и аранжманот е токму Роберт, додека како текстописец се потпишува Робин Зимбаков. Роберт и Лара за нивната дуетска песна снимија и […]

Ламбе Алабаковски објави нова песна по седум години пауза и со тоа го најави неговиот „камбек“ на македонската музичка сцена. Новиот сингл е со наслов „На чекор од брегот” и е снимен кај Димитар Андоновски, а музиката ја направи Александар Тарабунов.  Текстот е на Зоран Стојановски- Зонде, кој исто така е режисер и на видеоспотот […]

На самиот почеток летово, освен море, сол и сонце, ни ја носи и новата балада на Давид Темелков, и тоа од најголемиот регионален фестивал “Сунчане Скале” кој се одржа во Херцег Нови. Од овој фестивал потекнуваат голем број балкански ѕвезди кои изградиле блескава кариера. Токму во нивно друштво, како и во друштво на многу млади […]

Нов хит на Суперхикс насловен „Крута“ Суперхикс Банда Инструментале – бенд кој скоро 30 години ја пишува македонската музичка историја, го објави својот нов сингл насловен „Крута“. Синглот е снимен во текот на месец јуни оваа година во студиото ТРА ЛА ЛА на Мите Димовски, а е првиот од неколкуте нови синглови на Суперхикс кои публиката со […]

Култните Ареа од вчера со нова песна насловена „Јаве или сон“. Песната ќе биде дел од новиот албум „Љубов е“, нивни седми по ред албум, а ќе биде промовиран деновиве. „Јаве или сон“ е пропратена и со видео кое се снимаше кон крајот на мај месец, а режијата му беше доверена на Александар Ристовски. 

За прв пат во кариерата, музичките великани Дадо Топиќ и Влатко Стефановски ги здружија силите и знаењето, а резултатот е емотивната балада „Само за њу“. Текстот е на Дадо Топиќ, компонирана е од Зоран Коневиќ и Шидахар Соланки, и е една од деветте песни на неодамна објавениот албум „План Б вол. 1.“, соопштуваат од Фондацијата […]

Влатко Лозаноски – Лозано, за својот роденден, наместо парче торта, неговата верна публика ја почести со нова песна. Станува збор за летна песна со „заразен“ текст и мелодија, a нејзиниот наслов е краток и јасен: „Ме нервираш“.Aвтори на истата се Лазар Цветкоски, односно музика и аранжман, додека пак текстот е дело на Магдалена Ена Цветкоска […]

Новата песна „Prezirem samocu“ е вистинскo изненадување и за самата кантавторка Марија Мирковиќ. Поранешната фрајла изјави дека ова музичко парче и за неа бил вистински експеримент, што многу ја радува. Песната е нов музички израз на нејзиниот репертоар и е вистинско летно освежување за нејзината публика. Овој сингл можеби не е мој стил, но конечно […]


Current track

Title

Artist