Актуелно

Page: 8

Критичарите едногласни: „Враќањето на казахстанскиот новинар Борат во Ветената земја во продолжението на филмскиот хит е дополнително зачинето со музиката на босанскиот композитор Горан Бреговиќ. Се чини дека легендарниот британски комичар Саша Барон Коен, главниот јунак и продуцент на филмови за Борат, тешко може да се оддели од Бреговиќ, со кого прв пат соработуваше во […]

Тоше Проески е нашиот непребол. Македонија, Балканот и светот го помнат како голема музичка ѕвезда, човек со огромно срце за помош на секого. Тоше музичката кариера ја започна во 1997 година, кога на прилепскиот фестивал Мелфест ја изведе познатата песна од Битлси „Yesterday“, а потоа следат „Усни на усни“ и „Сонце во твоите руси коси“, кои […]

Музичките уметници со светско реноме Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов вечер ќе го отворат 39-ти Скопски џез фестивал, што ќе се одржува до 17 октомври годинава. Познати изведувачи од земјава и од Европа ќе одржат концерти во живо во салата на Националната опера и балет во рамки на фестивалот. Од земјава ќе учествуваат специјалниот фестивалски […]

Две години по смртта на пејачот Влатко Илиевски, во негова чест објавена е компилација на неговите музички хитови под наслов „За љубов се пее до крај“. Станува збор за колекција составена од најголемите хитови на Илиевски, кои ја одбележаа неговата десетгодишна соло кариера, како „Нека биде по твое“, „Најбогат на свет“, „Со други зборови“, „Среќа“, […]

Популарното дуо “Дац и Александар”, пред точно една година, на фестивалот Макфест 2019,  се претставија со нивниот хит „Уште ми фалиш“, со која го освоија второто место. Песната која допре до срцата на слушателите, стана  дефинитивно најслушаната помеѓу двата фестивала. Автор на музиката и аранжманот е Александар Митевски, додека стиховите заедничко дело на Митевски и Драган Спасов […]

Мартина Блажеска е млада македонска талентирана пејачка со врвно музичко образование и веќе докажан успех во музиката во светски рамки. Имено, нејзината најнова песна „Розеви Неба“ е напишана за International Day of Peace (Меѓународниот ден на мирот) и е дел од проектот Songs for World Peace (Песни за мир во светот), кој е поддржан од […]

Минатиот викенд во Штип се одржа 35-то издание на Макфест, а помеѓу учесниците беа и „милениците на публиката“, дуото Драган Спасов Дац и Александар Митевски кои настапија со песната „Ѓавол да те земе“. Одличен настап на пријателското дуо, кое на сцената беше придружувано од  дувачкиот состав Brasstet Skopje. Инаку, Дац и Александар и минатата година […]

септември 21, 2020

Под ведро небо, на градскиот плоштад во Штип, во одлична атмосфера, во петокот и саботата, се одржа фестивалот на забавна музика Макфест. 35-то издание на најреномираниот фестивал во градот под Исарот, се одржа и покраај пандемијата на коронавирусот. Се беше поинаку, но сепак интересно. На првата ревијална вечер, публиката со заштитни маски и на растојание […]

Песната „Розеви неба“ на Мартина Блажеска, напишана за Светскиот ден на мирот, 21 септември, ќе биде промовирана како дел од глобалната иницијатива „Песни за светскиот мир (Songs for World Peace)“ , кој на овој ден ќе претстави повеќе од 100 композиции, напишани специјално за овој повод, од музичари од целиот свет. Блажеска е македонска пејачка, […]

Нина Спирова, пејачката што ги отпеа класиците на македонската забавна музика „Еден бакнеж“, „Молчи, молчи“ и „Езеро мое“,  почина во Филаделфија, САД, на 82-годишна возраст. Спирова, со својот кадифен алт и со емотивната интерпретација беше дискретната ѕвезда на македонската и на екс-југословенската сцена,  чии мелодии станаа евергрини, популарни, пеени и сакани до денес. Родена е […]


Current track

Title

Artist