Актуелно

Page: 7

Македонскиот музичар, кралот на трубата Џамбо Агушев, по трет пат стана татко. Тој среќната вест ја сподели со фановите и пријателите на својот Фејсбук профил.

Музичката легенда, Зоран Георгиев, почина во 77-та година од животот во Белград. Тој е еден од пионерите на македонската забавна музика, човек кој направи многу за македонската песна да биде слушната надвор од границите на нашата земја и пејач кој ни подари безвременски хитови. Ќе остане запаметен по неповторливата песна „Еден бакнеж“, која ја изведе […]

Албумот „Brasses for the masses“ на Џамбо Агушев и неговиот оркестар ја освои наградата German Records Critics Award како најдобар албум во категоријата World Music за 2020 година. -Многу сум благодарен што мојот најнов албум  ја доби престижната награда German Record Critics Award како најдобар албум за 2020 во категоријата World Music. Благодарам за вашата […]

Браќата Бранко и Влатко Сапламаеви или SAP Brothers, како што е нивниот псевдоним, ја објавија викендов песната „Љубов си ти“, посветена на нивниот пес, златниот ретривер Арон. Песната со позитивен дух е проследена и со шармантно видео, во кое се појавуваат Бранко, Влатко и Арон во приказна, која максимално соодветствува на описот „најпозитивниот музички проект […]

Без правилата од протоколот за неризично посетување концерти, Александар Митевски Драган Спасов Дац несомнено ќе го исполнеа охридскиот Антички театар – до последното место. Нивниот синоќешен концерт, носталгичен и романтичен, покажа дека се одлични шоумени, кои умеат да создадат добро расположение – дури и на отворената сцена на Антички театар, базично наменета за големи концерти. […]

Од вчеравечер на официјалниот Јутуб канал на Васил Гарванлиев може да се види видеозаписот на неговата најнова песна „ПриКазна“. Ова е втора песна годинава, по евровизиската „Yоu“, со која Васил требаше да настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам, одложено поради пандемијата со ковид -19. Верен на својот стил, естетика и скриени пораки, Васил […]

  Од последиците на сообраќајната несреќа што ја доживеа минатата недела, почина Рајко Дујмиќ, легендарниот хрватски музичар и композитор, најпознат по својата работа со групата „Нови фосили“. По несреќата, во која се здоби со тешки повреди на главата, Дујмиќ беше во кома и приклучен на респиратор. По неколкудневна битка на интензивната нега – тој ја […]

Врвната гитарска претстава за стари и млади пред Хрватскиот народен театар во Загреб, која пак беше дел од фестивалот „Св. Марко“, а се случи синоќа, го потврдува и натаму статусот на Влатко Стефановски како -виртуоз на гитарата. Прекрасни зборови ја опишуваат голема фасцинација кон настапот на Влатко Стефановски. Имено, хрватскиите медиуми пишуваат дека соло концертот на […]

Поминаа две тажни години, откако не остави  хрватскиот музички великан, Оливер Драгојевиќ, а во сеќавање на неговото богато музичко наследство, и оваа година во Вела Лука, се одржуваат концерти и манифестацијата „Trag u beskraj – Sjećanje na Olivera“. Оливер остави незаменливо место на хрватската музичка сцена и во срцата на неговите обожаватели, а споменот за […]

Питер Грин, кој заедно со Ерик Клептон, се сметаше за еден од најдобрите бели блуз-гитаристи, почина на 73-годишна возраст. Коосновач на британската група „Fleetwood Mac“, која во 1969 продаде повеќе албуми отколку „Битлси“ и „Ролинг стоунс“ заедно, Грин беше автор на најпознатите нивни хитови, вклучувајки ја и „Black Magic Woman“, која подоцна стана светски хит […]


[There are no radio stations in the database]