https://www.youtube.com/watch?v=sizteyfxqLM

Автор на стиховите е самиот Слаткаристика, а музиката им е заедничка со колегата Ивајо, кој го направи и аранжманот, додека видеото е во режија на Флукс. Песната стигна заедно со романтично видео снимено во Венеција, каде што популарниот хип-хоп артист ужива со својата сопруга Сања Николиќ.

Со „Фала ви што дојдовте“ го почна концертот, а со „Наздравје, Скопје“ го заврши. Најдобриот македонски и балкански гитарист Влатко Стефановски синоќа во полната сала на Македонската филхармонија го одржа првиот од трите најавени концерти за промоција на 35. албум, но прв акустичен, во неговата кариера, „Мајчин јазик“. Во интимна, но топла и пријатна атмосфера, […]

Минатата 2017 ја одбележаа политичките промени ветени во слоганот „Живот во Македонија“. Во најавната реклама порачувате: „единствено ни преостанува подобра забава бидејќи нема подобар живот, ни подобар воздух“. Значи ли тоа дека Златна бубамара 2018 ќе биде сатиричен осврт на спласнати очекувања? Нашите слогани се препознатливи… Имаме живот во моментов, но на Златна бубамара ќе […]

На претстојното 21. издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, со наградата за “Трајни музички вредности” ќе се закити легендарната Маја Оџаклиевска. Тоа го откри главниот човек на „Бубамарата“, Ранко Петровиќ, кој во разговор со МИА соопшти дека годинава ќе бидат доделени вкупно 23 награди. „Ќе има 23 награди. За животно дело награда ќе добие […]


Current track

Title

Artist