Автор: Р.Б.
Page: 9
Вечерва во големата сала на Центарот за култура во Битола беше промовирана преработката на песната “Ако одам во Битола“ на авторот Петар Георгиевски – Калица, која за многумина е најубавата битолска песна во поновата музичка историја. Музичката преработка на оваа песна ја направи Благојче Трајковски, ја отпеа Димитар Андоновски, сето тоа е напополнето со звуците на харфата […]
Долгоочекуваниот нов албум, хрватската поп-пејачка Северина го најави со синглот „Фалиш ми“ на кој првпат сорабоува со бугарскиот пејач Азис. „Кога ми беше предложен Азис, знаев дека тоа ќе биде мал чекор за него, но голем за оваа песна што и докажа со својата изведба. Откако почна да се создава песната, Азис беше со нас […]
Младиот пејач Давид Темелков денес го промовира новиот сингл „Штом бидеш без мене“ – љубовна балада за борбата меѓу срцето и разумот. -Во светот во кој живееме понекогаш е тешко да избереме што е исправно. Не е едноставно да се одлучи помеѓу срцето и разумот. Верувам дека тоа не се само мои битки, туку и […]
Концертот, насловен „Ваљак и пријателите: Доволно е да се рече… Аки“, одржан во саботата во арената „Загреб“, помина како силен емотивен момент, во кој членовите на групата „Парни ваљак“, нивните пријатели и публиката на сцената се простија од Аки Рахимовски. Кристијан Кики Рахимовски, синот на прерачно починатиот Аки, ја поздрави публиката со зборовите: „Добродојдовте на […]
Најголемиот музички културен спектакл Златна бубамара на популарноста се враќа во живо(т) на големата сцена во Арената „Борис Трајковски“. На големо задоволство на љубителите на добра музика, искрено смеење и незаборавна емоција јубилејната 25. Златна бубамара ќе се одржи на 12 мај . Традиционално и оваа година на сцената ќе се појават најголемите музички имиња […]

Kантавторката Марија Мирковиќ, која ја започна својата музичка кариера со групата The Frajle, за која ги напиша некои од нивните најпознати хитови, за помалку од една година од нејзината соло кариера, го објави својот втор сингл. „Моја душа“ е насловот на новата песна, емотивна композиција во чии зборови ќе се препознаат многумина, а Марија и […]

Пејачката Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, победи во финалето на изборот за песна на Евровизија во Србија. Таа ќе ја претствува државата со песната „In Corpore Sano“ на најпопуларниот европски музички натпревар кој во мај ќе се одржи во Торино. Констракта доби над 40.000 СМСгласови од публиката, и веднаш кажа дека воопшто тоа не го […]
Новата песна „Ненормален“ на Владо Јаневски премирно ќе биде емитувана утре, 22.02. 2022, во 12 часот на програмата на Бубамара радио. Ова е регионална премиера на „Ненормален“, со која Владо Јаневски го најавува новиот албум, кој ќе се појави следниот месец во издание на Кроација рекордс. Песната е љубовна балада, снимана во Скопје и во […]
Мики Јовановски Џафер по подолга пауза се јавува со нешто ново на македонската музичка сцена. Неодамна тој ја промовира песната „Џоле бре гол“ што, всушност, е преработка на познатиот светски хит на Чак Бер, „Johny B. Goode“. Промоцијата на спотот снимен за оваа нумера се случи во рамките на одбележувањето на Свети Трифун, на градскиот […]
Регионалниот рок бенд „Дивље јагоде“, по последниот албум „Jukebox“, овие денови објавија нов сингл, кој воедно е и најава за претстојниот студиски албум во издание на Кроација рекордс, а би требало да излезе некаде пред летото оваа година. За новата песна која е насловена “Plave noći bez tebe”, музиката, текстот и аранжманот ги потпишува Зеле […]