Автор: Р.Б.

Page: 10

Вечерва, во емисијата „Стисни плеј“ на МРТ1, беше избран нашиот претставник за Евросонг 2022. Тоа е младата Андреа Коевска, која во Торино, Италија, ќе нè претставува со песната „Circles“. Автор на музиката и аранжманот на „Circles“ е Александар Масевски, додека, текстот е пишуван заедно со Андреа. Инаку, нашата претставничка беше избрана преку онлајн гласање, како […]

Бојана Скендеровски повторно чекори цврсто на македонската естрада, со нова и моќна приказна трансформирана во емотивна мелодија. Спотот на новата песна на Бојана, насловена „Зад завесите“ денес премиерно ја добива својата онлајн промоција. Приказната за отсуството на емпатијата во светот полн со предрасуди е дел од новиот проект на Бојана, со којшто започнува низата на дополнителни изненадувања, коишто Бојана ќе […]

Денес, четврток, 27.01. во 15 часот, во време кога во Загреб се одржувашe церемонијата на испраќањето на Аки, премиерно на Радио Бубамара можевте да го слушнете последниот сингл на „Парни ваљак“ – песната „Поново“, последната песна на Аки Рахимовски. Повеќе од 150 регионални радио-станици во исто време го емитуваа синглот, и на тој начин, испративме […]

Во среда, 26 јануари, ден пред неговиот погреб во Загреб, Скопје ќе го испрати својот сограѓанин и пријател, легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“ и најдобриот рок-вокалист во поширокиот регион – Аки Рахимовски. Поради епидемиолошките ограничувања, последното испраќање на Аки се организира на Градскиот плоштад, кај тревникот пред „Пелистер“, каде ќе биде отворена книга на […]

Во 86-та година од животот почина маестро Александар Џамбазов, диригент и композитор, кој сиот свој работен век го мина во Македонската радио телевизија како диригент на Танцовиот и ревијскиот оркестар. Маестро Џамбазов е иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје. Напишал неброено детски песни, сценска, хорска и филмска музика, за […]

Тоше…најсветлата ѕвезда која што блеска на ова македонско небо…денес ќе наполнеше 41 годинa. Тоше Проески е нашиот непребол. Македонија, Балканот и светот го помнат како голема музичка ѕвезда, човек со огромно срце за помош на секого. Тоше музичката кариера ја започна во 1997 година, кога на прилепскиот фестивал Мелфест ја изведе познатата песна од Битлси […]

Аки Рахимовски, долгогодишниот пејач на „Парни ваљак“, почина денеска на 66 години, објави групата на својата страница на Фејсбук. „На Рахимовски утрово му се слоши, по што почина во болницата во Ново Место“, изјави неговиот менаџер Дамир Осредечки. Зад него останаа чудесно  отпеаните песни на „Парни ваљак“ и статусот на еден од најдобрите рок-вокалисти во […]

По драмата со осуетеното учество на Австралија опен, светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ одмора во Црна Гора. Снестен е во еден од најексклузивните хотели во Порто Монтенегро, но секој миг го користи да ја прошета Црна Гора. При посетата на Жабљак, домаќините го пречекале со богата софра и го честеле нов виц за неговите […]

Бендот „Ареа“ го објави новиот сингл „Ангелу мој“, блуз рок балада која треба да биде дел од новиот албум. Со него, како што информираат од бендот, ќе биде одбележана 30-годишнината од неговото постоење. „Среќни сме што ви ја претставуваме нашата најнова песна со наслов „Ангелу мој“, овој пат балада во блуз рок варијанта која ќе […]

Песната „Бројаница“ на Игор Атанасовски, познат како Гуру Харе, во изведба на Тања Тас, вокалистка на групата „Темпера“ е чудесна балада за животот, метафорично претставен како бројаница. Автор на музиката, текстот и аранжманот е Гуру Харе, а во изведбата учествуваат и Давид Имери на хемонд органа и Мите Димовски на тапани. Доследен во својата музика, […]


Current track

Title

Artist