ABBA со уште еден нов сингл, пред излегувањето на албумот „Voyage“!

Written by on октомври 24, 2021

ABBA имаат нов сингл. „Just A Notion“ е насловот, а беше објавена на 22 октомври. Фановите веќе ја препознаа како најдобра песна „blast to the past“ откако оваа шведска поп група повторно е активна.

Инаку, „Just A Notion“ е трета песна, по „I Still Have Faith In You“ и „Don’t Shut Me Down“

Потсетување – за 5 ноември е најавено излегувањето на албумот „Voyage“ со што ќе се прекине дискографската пауза од цели 40 години.

АББА, исто така, закажа дигитален концерт во Лондон за 2022 година.


[There are no radio stations in the database]