”A Star Is Born” е новиот филм на Лејди Гага и Бредли Купер
Written by Р.Б. on октомври 9, 2018
Објавен е првиот трејлер за филмот “A Star is Born” на чие сценарио и режија се потпишува Бредли Купер, а главната улога ја толкува познатата пејачка Лејди Гага.
Ова е четвртата верзија на класичната и легендарна приказна од 1937 година на авторот Вилијам Велман, но со нова и оригинална музика.
Филмот ја прикажува приказната за музичката ѕвезда која прави пауза во својата кариера и млада пејачка која е во подем на кариерата, односно нивниот комплициран однос кој никого нема да го остави рамнодушен.
Лејди Гага во една прилика изјавила дека овој филм ѝ претставува остварување на нејзините соништа.
“Чест ми е што сум дел од овој неверојатен филм. Бредли е одличен продуцет, глумец и музичар. Филмот се вика “A Star is Born” и не можам да дочекам додека да се запознаете со Џек и Ели”, напиша Гага на својот Твитер профил.