LIVE 2
LIVE
Mak POP-ROCK
ExYU POP-ROCK
ExYU hits
80s hits
Love songs
Caffe radio
Lounge bar
Mak folk
Funk & soul
Македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски прослави 50 години кариера со одличен тричасовен концерт во преполниот „Сава центар“ во Белград каде гости му беа музичарите Мирослав Тадиќ и Златан Стипишиќ Џибони. „Искрено ви благодарам што го наполнивте „Сава центар“ и што ме поддржувате повеќе од 50 години“, рече Стефановски, откако сам го отвори концертот со акустична гитара и „Приспивна за Радмила М.“ Потоа му се придружи легендарниот гитарист Мирослав Тадиќ, а заедно ги отсвиреа „Дафино вино црвено“, „Македонско девојче“, „Еј […]
todayDecember 18, 2024 51 2
Познатиот македонски композитор Александар Јовевски го промовираше новиот спот изработен за композицијата „Игра на инструментите“ чиј композитор и аранжер е тој. Оваа композиција е дел од неговиот албум „Од колено на колено“. Настапуваат Александар Јовевски на пијано, кавал и тамбура, Горан Гешовски на бас, Ратко Даутовски-перкусии. Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, како проект од национален интерес. Александар Јовевски во текот на месец ноември одржа целовечерен концерт во Прилеп, по повод одбележувањето на 45 […]
Македонските рап легенди Слаткар и Тони Зен повторно ја разбудија музичката сцена со нивниот најнов проект – песната „Жими сè“, која во придружба со визуелно впечатлив видеозапис, навести дека овој тандем нема намера да застане. По успехот на „Милион лета“, ова ново издание е свежа потврда на нивната креативност и хемија, кои успеваат да ги допрат сите генерации. Текстот на „Жими сè“ носи препознатливи искрени пораки, со доза хумор, реалност и урбана филозофија, потпишан од самите Слаткар и Тони Зен. […]
Музичкиот и мултимедијален уметник Лазар Аврамовски деновиве го објави своето најново музичко и видео дело. Овој пат тој ја обработи „Седна баба да вечера“. „Во овој аранжман сакав да ја доближам младата публика до изворните народни песни преку диско-фанк-соул реаранжман“, напиша во промотивните материјали за аранжманот и видеото Аврамовски. Главни вокали во изведбата на „Седна баба да вечера“ се Светлана Јовановска, Тања Кочовска и Јелена Јованова, а придружни вокали се на Ана Костадиновска, Сара Пројковска и Ивана Гешовска. Не пропуштајте […]
Легендарниот Здравко Чолиќ, една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња на нашите простори, по 6 години ќе се врати во Скопје на 18 март 2025 година, во Арена Борис Трајковски. Овој пат, тој пристигнува со дури 50 врвни музичари, големите инструментални солисти на новосадскиот Биг бенд и оркестарот на операта на Српскиот народен театар од Нови Сад. Откако оваа ексклузивна концертна програма на Здравко Чолиќ со симфониски оркестар ги распродаде арените ширум регионот, конечно и македонската публика има можност […]