Музички вести

„Код 369“ заедно со Мила снимаа видео запис за „Конкретно“

Битолската група „Код 369“ годината ја започнаа со снимање на нов видео запис во соработка со младата и талентирана Мила од Србија, а под капата на Кроација рекордс. Се работи за темата „Конкретно“, по текст на Мила, музиката е на Даниел Митревски, а аранжманот на КОД. „Во Битола многу ми се допаѓа, се чувствувам добредојдено од првиот момент кога пристигнав. Овој град многу брзо ми прирасна за срце, а за тоа се најзаслужни моите колеги Ирена и Даниел од Код […]

todayJanuary 25, 2025 21

Музички вести

Калиопи го објави видео записот за „Дај, дај ми дај“

2024 беше повеќе од добра и успешна година за Калиопи. На почетокот на годината, заедно со својот продуцент Ромео Грилл го реализираа својот нов албум насловен „АЛБУМ“, кој беше промовиран на крајот на мај со четири нови видеоспотови. На тој начин ги одбележаа и 40-те години од нивната заедничка соработка. И тоа не беше сè! Во текот на летото, таа уживаше заедно со својата публика во Македонија на големите концерти во Охрид и во Битола, заклучно со големиот концерт во преполната […]

todayDecember 30, 2024 56 2

Музички вести

Слушнете ја новата верзија на „Новогодишна општонародна“ на К-15

Легендарните Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Бубо Каров од хумористичната емисија „К-15“ снимија нова верзија на нивниот музички хит „Новогодишна општонародна“, а на социјалните мрежи напишаа: „Другари и другарки, Ви посакуваме среќни празници, многу здравје и љубов, со надеж дека животите ќе ни станат подосадни, а нашите скечеви веќе нема да се толку реални... Благодарност за целата поддршка и љубов низ сите невремиња“. Аранжманот е дело на Александар Митевски, а спотот е во режија на Жарко Димитриоски. https://www.youtube.com/watch?v=fgTQRTr4KfA

todayDecember 30, 2024 110

Музички вести

Да даруваме одговорно – Државна лотарија

Државна лотарија, како одговорен приредувач на игри на среќа, членка на Европска Асоцијација на лотарии и учесник во Кампања за одговорно дарување ‒ Gift Responsibly Campaign 2024 , се придружува кон организациите ширум Европа и светот со цел подигање на јавната свест за ризикот од дарување инстант лозови на деца. Кампањата е во организација на National Council on Problem Gambling (NCPG) и на International Center for Youth Gambling Problems and High-Risk Behaviors при McGill University. Истражувањата покажуваат дека колку порано, во текот на детството, е личноста изложена […]

todayDecember 25, 2024 29

Музички вести

По 40 години се враќа „Бушава азбука“

По 40 години се враќа „Бушава азбука“ со новогодишна песна „Бушава Нова година“ дел од новата анимирана серија „Буквождер“. Втора „Бушава азбука“ (2БА) е продукција, Види Вака раскажувачко студио и Георги М. Унковски во копродукција, кои денеска соопштија дека ја објавуваат новогодишна песна „Бушава Нова година“, со која го најавуваат враќањето на образовно-забавниот бренд „Бушава азбука“. Песната е дел од новата серија „Буквождер“, анимирано продолжение и приказна за буквите и за македонскиот јазик од легендарната „Бушава азбука“. „Бушава Нова година“ ја […]

todayDecember 23, 2024 116 2


LISTEN ON

0%