25. Златна Бубамара на популарноста лета под мотото „Да живнеме!“ на 12 мај

Written by on април 27, 2022

Најпопуларната и најочекуваната манифестација  „ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“,  по 2 години повторно се враќа во живо во арената „Борис Трајковски“ под слоганот „ДА ЖИВНЕМЕ!“

Најбараната информација во овој момент е кога ќе започне продажбата на билети за  големиот музичко-културен настан, кој се оддржува на 12 мај.

Од Штабот на веселата „Златна Бубамара“ најавуваат дека билетите ќе бидат пуштени во продажба во петок, на 29 април, точно напладне, во 12 часот преку он-лајн продажба на www.karti.com.mk и во цвеќарата „Розе“ во „Веро 2“.

ДОЈДОА И ТАКВИ УБАВИ ВРЕМИЊА КОГА ПОЛЕСНО СЕ ДОАЃА ДО 2 КАРТИ ЗА ЗЛАТНА БУБАМАРА ОТКОЛКУ ДО 2 ШИШИЊА ЗЕЈТИН

Ви го испраќаме и првиот проглас од овогодишната манифестација:

Дојдете да живнеме !!!!

Почитувани љубители на добра забава, нормални цени и евтина тарифа на струја, цените скокнаа, платите останаа исти, само Златна Бубамара ви порачува – Дојдете да живнеме!!!

По се што поминавме конечно доаѓаат и убави времиња – да се развеселиме, да запееме и да се насмееме – (сега) конечно можеме да живнеме!

Доаѓа настанот што го чекаме две години.

25. јубилејно издание на „Златна Бубамара на попларноста“.

На 12 мај во арената „Борис Трајковски“

Дојдоа и такви убави времиња кога полесно се доаѓа до две карти за Златна бубамара отколку до две шишиња зејтин

Наместо да кивнеме-време е да живнеме

ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА

Бакшишот чувајте го за крај!


Current track

Title

Artist