„Савршен крој“- новиот сингл на Тамара!
Written by Р.Б. on мај 17, 2022
Тамара Тодевска објави нова песна, прекрасна емотивна балада, насловена „Савршен крој“.

Новиот сингл е во продукција на Фондацијата План Б, а со оваа соработка Тамара им се придружи на своите колеги од регионот: Маја Сар, Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле, Дејан Цукиќ,…. и стана дел од хуманитарниот проект на фондација План Б, која се залага за помош на загрозените музичари.

Инаку, за новата песна музиката ја напиша Зоран Коњевиќ, текстот е на Александра Милутиновиќ, а аранжманот и продукцијата се на Воислав Аралица.
Посебен куриозитет е што на тапаните на оваа песна свиреше познатиот Драгољуб Ѓуричиќ, кој, за жал, не напушти минатата година.