Џибони ја растури загрепска Арена – на два, за миг, распродадени концерти

Written by on март 11, 2023

По спектакуларниот 8-мартовски концерт во загрепска Арена, Златан Стипишиќ Џибони и по втор пат ја растури Арена со уште еден концерт, одржан синоќа (10. март). Преполната Арена на глас ги пееше неговите познатите хитови од долгата кариера, која трае веќе 35 години. Бројните награди од публиката и од музичкиот еснаф низ сиве овие години ја потврдуваат успешноста на неговата кариера, но како што вели и самиот, песната на публиката на концертите е секогаш најдобра потврда за квалитетот и омиленоста на тоа што го создава.

„Прекрасен концерт, енергија, атмосфера, се, вистински уметник“.

„Со еден збор – цар“.

„Концерт за паметење. Браво, Џибо, беше сензационално“.

„Џибони растури“.

Ова е само некои од импресиите на бројните обожаватели, постирани на социјалните мрежи по двата незаборавни загрепски концерти на Џибони. Безвременските хитови, кои тој ги создаде и отпеа од 1980-ите наваму, се слушани и пеени со задоволство во целиот регион. Меѓу нив се: „Темпера“, „Чиним праву ствар“, „Миракул“, „Опрости“, „Либар“, „Посољени зрак и разливена тинта“ и многу други, кои често ги слушаме и на 105,2.

Џибони неодамна објави и нова песна „Пијесак ношен вјетром“ како четврти сингл на ЕП „У по уре“, која ја отвора моќно гитарско соло на Влатко Стефановски, постојан соработник на албумите на Џибони уште од крајот на 1990-ите.

 


Current track

Title

Artist