Џибони објави спот за „Пјесак ношен вјетром“

Written by on декември 28, 2022

За песната „Пјесак ношен вјетром“ од минатогодишниот албум „У по уре“,  Џибони вчера објави анимирано-играно видео во режија на Матко Петриќ. „Пјесак ношен вјетром“ е четвртиот сингл од овој албум кој добива видео-спот, а десетти спот кој за Џибони го режира Петриќ.

„Спотовите за Џибони секогаш ми претставуваат предизвик.  Кога ќе погледнам наназад што сме сработеле, драго ми е да утврдам дека сите спотови ни се различни. Кај него нема половични решенија и секогаш настојува да извлече максимум од соработниците. Така и овој спот е раскошен пример на различни ситуации, ликови, пејсажи, цртани и видео анимации, се со цел да се погоди хемијата на песната“, вели режисерот Петриќ.

 

Посебен додаток кон хемијата на оваа песна е и моќната гитара на Влатко Стефановски, кој соработува со Џибони уште од крајот на 1990-ите.

За критиката „Пјесак ношен вјтером“ е вистинска рок-химна, која со штотуку објавеното видео добива нова, дополнителна вредност.


Current track

Title

Artist