Џибони најави нов албум!

Written by on јуни 8, 2021

Хрватскиот кантавтор Џибони го најави новиот албум „У по уре“ за крајот на јули месец.

-„Станува збор за мини албум, а насловен е „У по уре“ (Во половина час), затоа што кога завршив сфатив дека сè застана во половина час. Содржи пет песни, а сите мои песни се по пет и пол, шест минути, па тоа е тоа“ – изјави Џибони.
Тој неодамна го издаде својот прв сингл од албумот, песната ‘Киша’ (Z’naab) која за кратко време го освои етерот во целиот регион. Со овој сингл, Џибони објави дека отвора и ново поглавје во неговата кариера.

Инаку, со препознатливиот потпис на Џибони, „Киша“ е „комбинација на Далмација и Африка“, а гостин на синглот е Хадис Алемајеху Х-Аддинкуо, свирач на традиционалниот етиопски гудачки инструмент „masinqo“, како и членови на хор од Етиопија и од Замбија.

Автор на песната е Џибони, а аранжманот го потпишува заедно со Никша Братош, кој вордно е одговорен за продукцијата.


[There are no radio stations in the database]