Џез сесија од Малдиви на Дамјан Пејчиноски
Written by Р.Б. on март 14, 2019
Гитарскиот виртуоз Дамјан Пејчиноски, зимава претстојуваше на егзотичните Малдиви, каде што уживањето под жешкото сонце на песочните плажи не би било целосно без добра музика, па одлучи да ни прати топли поздрави со пет музички видеа што ги објавуваше изминативе денови на неговиот канал на Јутјуб.
Талентираниот охриѓанец, кој настапува и собира награди ширум целиот свет, во рамките на оваа „Малдиви-сесија“ и во џипси-џез стил ни ги претстави темите „Bellevilee“, „Swing 42“, „Limehouse Blues“, „Minor Blues“ и „Daphne“, заедно со колегите од „Дамјан Пејчиноски квартет“.
За миксот и мастерингот на аудиото се погрижи Горан Гешовски, зад камерата беше Ивана Чинговска, а видео-монтажата ја направи Борче Димоски.