Џафер ја преработи „Johnny B. Goode“
Written by Р.Б. on февруари 14, 2022
Мики Јовановски Џафер по подолга пауза се јавува со нешто ново на македонската музичка сцена. Неодамна тој ја промовира песната „Џоле бре гол“ што, всушност, е преработка на познатиот светски хит на Чак Бер, „Johny B. Goode“.
Промоцијата на спотот снимен за оваа нумера се случи во рамките на одбележувањето на Свети Трифун, на градскиот плоштад во Кавадарци.
Главен лик во спотот е Божидар Јорданов, кој сонува да стане ѕвезда, свирејќи на дрвено столче среде лозјата во Тиквешијата. И неговиот сон, со многу упорност, вежбање и малку среќа станува јаве.