Џамбазов и Гуру Харе ја препеаја легендарната „Заветна“

Written by on октомври 27, 2022

Од денеска, хит на Радио Бубамара е легендарната „Заветна“. Песната во блуз манир е последната снимка на дуетот Игор-Игор (Игор Атанасоски Харе и Игор Џамбазов).

Во најавата низ насмевка за песната Харе ќе ни напише: Ова е наше видување на легендарната – Заветна – испеана од Пепи Бафтировски. Кога по некоја случајност би се сретнале Пепи и Гери Мур, тоа би звучело вака…. Поздрав, Харе!

Како мало потсетување, оригиналната песна ја испеа и сними Пепи Бафтироски, инаку авторско дело на браќата Миле и Ѓорѓи Барбаровски.

За идејата и зошто токму оваа песна Харе за Radio G ќе каже:

„Идејата беше моја, а Џамбазов со воодушевување ја прифати. Снимана е во текот на септември во студиото „Тралала“ на Мите Димовски“

Аранжманот го сработи Игор Харе, а покрај Џамбазов во снимањето учествуваа членовите на Гуру Харе бенд: гитара – Игор Атанасоски-Харе, тапани – Златко Михајловски – Бумбар, бас – Трајко Симоновски – Таци, клавијатури – Филип Димишковски, Тамара Тодевска-пропратни вокали.

Премиерното преслушување на „Заветна“ е закажано за денес (26 октомври) во 15 часот) во сегментот „За прв пат на Радио“.

 


Current track

Title

Artist