ЉУБОЈНА И ДУЛЕЛУД ПРОМОВИРАА ПРВА ЗАЕДНИЧКА ПЕСНА!

Written by on ноември 16, 2021

Еден од најавтентичните македонски бендови „Љубојна“ и продуцентот Дулелуд го промовираа нивниот прв заеднички проект, песната „Пустелија“, во која се спојуваат етно вокалот на Вера и електронскиот звук на Дулелуд.

„Кога две различни музички движења ќе ги спојат своите сили, резултатот е ремек дело. Со македонскиот мелос, кој го изведува ‘Љубојна’ во своите песни, успеав да се осознаам на поразличен начин и да создадам сингл според вибрацијата на моето срце“, изјави Дулелуд.

За песната е снимен и спот кој е комплетно дело на Виктор Стоимиров. 

Инаку, синглот беше премиерно пуштен летово на островот Миконос, во елитниот клуб „Скорпиос”.


[There are no radio stations in the database]