„Једина“-емотивна балада на „Правила игре“!
Written by Р.Б. on февруари 18, 2021
Хрватскиот бенд „Правила игре“, го претстави својот нов сингл „Једина“.
Најемотивната љубовна балада за нив досега, ги опишува емоциите во овој период од годината на најдобар можен начин.
Песната која беше напишана пред 15-тина години за нашиот Тоше Проески, конечно ја здогледа светлината на денот, а нејзината романтична и меланхолична нишка, го прикажува бендот во сосема ново руво.
Песната е потпишана од докажаните хит-автори Соња и Миро Буљан, аранжманот е дело на момците од бендот и Миро, а објавена од Gema Productions.