Јасна Госпиќ и Борис Режак објавија кавер на познат евергрин!

Written by on декември 13, 2021

Јасна Госпиќ и Борис Режак одлучија да ги спојат гласовите во новиот сингл кој ја слави љубовта, а насловен е „Волим те“. Станува збор за кавер на популарниот евергрин хит „Something Stupid“, песна која во далечната 1966 година, беше испеана од Френк Синатра и неговата ќерка Ненси Синатра, а подоцна и од Никол Кидман и Роби Вилијамс.

Автор на текстот е самата Јасна, зад аранжманот стои Мартин Мештровиќ, а за песната вели дека ја посветува на нејзиниот сопруг, но и дека ова не е само нивна приказна, туку и на многу други околу нив, нивните пријатели без кои животот би им бил празен.

За да оваа музичка приказна биде комплетна, во спотот се појавуваат и нејзините драги колеги од естрадата Жељко Самарџиќ, Сергеј Ќетковиќ, Дејан Томашевиќ и, секако, Борис Режак.


[There are no radio stations in the database]