Ѓоковиќ на одмор во Црна Гора, Црногорците го почестија со виц
Written by Р.Б. on јануари 22, 2022
По драмата со осуетеното учество на Австралија опен, светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ одмора во Црна Гора. Снестен е во еден од најексклузивните хотели во Порто Монтенегро, но секој миг го користи да ја прошета Црна Гора.
При посетата на Жабљак, домаќините го пречекале со богата софра и го честеле нов виц за неговите ривали Надал и Федерер.
Ѓоковиќ уживал со домаќините и не ја симнувалнасмевката на лицето. Обожавателите цело време му приоѓале, а тој, како и секогаш, љубезно прифаќал да се фотографира со нив.
Пред да го посети Жабљак, Ѓоковиќ е виден во прошетка по кејот на Тиват, а бил и во манастирот Острог. По драмата во Мелбурн, Ѓоковиќ не зборува ништо за неговото оспорено учество на Австралија опен, каде се очекуваше да го освои својот 21-ви гренд-слем трофеј, десетти на Австралија опен. Останува на својата одлука да остане во „илегала“ за да не го свртува вниманието на себе за време на траењето на турнирот.