„Шал“ – вистинско музичко освежување од Нокаут!

Written by on март 10, 2021

Познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов, пред околу 2 години, за јавноста откри дека своевремено имал напишано песна со наслов „Шал“, посветена на девојка која била дел од неговиот живот, а за која аранжман направил Никола Перевски-Пере од „Нокаут“…

Можеби помина подолго време, но токму ова музичко парче откинато од непресушната инспирација на Џамбазов и Нокаут, ќе ни ги разубави овие пандемиски денови и ќе ни ги исполни со прекрасни емоции.

Овој пат Игор Џамбазов се потпишува како автор на текстот, музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов и Никола Перевски- Пере, а песната е снимена кај Роберт Билбилов во неговата „Just RB Production“.

„Шал“ е вистинско музичко освежување на македонската музичка сцена, а во нејзината изведба учествуваат и  Горјан Петровски – гитара, Борче Кузмановски – клавијатура, Виктор Николовски – бас гитара, Благоја Антовски – тапани, Горан Кавраков – саксофон и Миa Перевска – пратечки вокали.

И на крај, за да се биде спакувано како што треба, се снимаше и видео спот чија реализација е на режисерот Јован Куциноски.


Current track

Title

Artist