Хус од Парни ваљак, за прв пат со своја песна пред публиката!
Written by Р.Б. on април 20, 2021
Основачот и автор на повеќето песни на групата Парни ваљак, Хусеин Хасанефендиќ Хус, се претстави пред публиката во малку поинакво светло, односно во поинтимно издание. Нова песна едноставно насловена како „Пјесмица“.
Ова е негов прв кантаавторски проект, иако како композитор и текстописец со децении е на самиот врв на регионалната музичка сцена.
„Пјесмица“ е нежна, но позитивна и весела и всушност говори за тоа како настанува, што и не е толку лесно во денешно време, ниту да се напише, а камоли да се пее. Со неа, слушателот ќе сонува, ќе размислува за некои носталгични моменти, но исто така и ќе танцува, ќе се чувствува позитивно, што е повеќе од добредојдено во ова време на коронавирус и глобалната и социјална, но и секоја друга криза.