Фронтменот на групата Ван Гог, Ѓуле, ја претстави новата песна!

Written by on септември 17, 2021

Фронтменот на групата Ван Гог, Звонимир Ѓукиќ Ѓуле, ја претстави новата песна „Зрно чаролије“, прва во низата, а во рамките на Фондацијата План Б, фондација чија цел е да им помогне на загрозените музичари.

Познатиот рокер и автор на песната „Зрно чаролије“, која предизвикува длабоки емоции при првото слушање, изјави дека е голема чест за него бидејќи е дел од оваа хуманитарна мисија. Тој на промоцијата подари и една од своите први гитари, на која се потпиша, воедно го најави и концертот што ќе се случи во средината на декември во Комбанк двораната во Белград.


[There are no radio stations in the database]