„Фрајле“ со песна за Балашевиќ, нивниот пример и ментор

Written by on јуни 1, 2021

Новосаѓанките „Фрајле“ му посветија песна на нивниот сограѓанин, Ѓорѓе Балашевиќ.

-Снимивме нова, за нас многу важна и посебна песна. Насловена е „Панонски морнар“ и ја посветивме на нашиот сограѓанин, пример и музички ментор Ѓорѓе Балашевиќ. – велат девојките од групата „Фрајле“.

Три и пол месеци по смртта на регионално омилениот кантавтор, „Панонски морнар“ е нивна посвета на Балашевиќ.

-Растевме со неговата музика. Првите наши сеќавања од детството, семејните дружења, првите љубови, свирењето гитара, врзани се за неговите песни. Тој за нас е куќа, дом, а оваа песна ја напишаа тие девојчиња кои се смееја и танцуваа на неговите рефрени. Имавме голем учител и сакаме со песна да му речеме благодариме за се – велат „Фрајле“.

„Панонски морнар“ е песна полна со емоции, наша носталгија и меланхонија, ама воедно е и радосен чардаш, ода на животот што ќе ги развесели слушателите и ќе ги натера да танцуваат. Музиката ја компонираше Невена Буча, текстот го напишаа сестрите Буча и младата поетеса Јелена Кнежевиќ, а аранжманот е на Воислав Аралица.

На „Панонски морнар“ посебна димензија му дава гостувањето на Бернадет Ниjари, светски позната виолинистка од Унгарија која имала настапи во повеќе од 90 земји.


[There are no radio stations in the database]