Фрајле со новиот сингл ја слават мистеријата на љубовта

Written by on јуни 21, 2022

Креативно смели и со видлива самодоверба, но и музички попродуктивни од кога било во својата кариера, Фрајле, денес, на првиот ден од летото објавија нова песна која сигурно нема да биде само уште еден летен хит. Напротив, синглот „Горим“ е музичка експлозија на Невена, Наташа и Јелена, кој долго ќе се пее со солзи во очите и радост во срцата. Овој пат, како никогаш досега во нивните кариери, Фрајле „изгореа“ во песна во која секој стих и секоја нота ја слави мистеријата на љубовта.

Текстот за песната „Горим“ го напиша Јелена Буча, музиката е на Невена Буча, а аранжманот и продукцијата ги потпишува Воислав Аралица. Видеото кое ја следи оваа љубовна приказна низ улиците на Нови Сад го сними продуцентската куќа Classica Nova.

Инаку, летово, Фрајле се активни на концерти низ регионот, па нивните фанови наскоро ќе имаат можност во живо да го почувствуваат тој пламен од емоции на Невена, Јелена и Наташа.

Покрај настапот, девојките го снимија и документарниот филм „Песмом да живот славимо“, кој наскоро ќе се најде на малите екрани.


Current track

Title

Artist