Фрајле за прв пат на Сплитски фестивал!

Written by on јуни 28, 2019

Малку одмараат, повеќе патуваат ,а најмногу пеат.

Имено, летните денови на Фрајле им се исполнети со интересни музички настани.

По објавувањето на новиот албум „Обрадуј ме“ и по настапот на ЦМЦ фестивал во Водице со синглот „Злато“, Фрајле ги изненадија своите фанови со уште една песна која ќе ја изведат на уште еден реномиран фестивал.

Станува збор за 59. издание на Сплитски фестивал на кој прекрасните девојки ќе настапат со новата авторска песна „Ночас си моје вино“, за која се заслужни и Бранимир Михаљевиќ и Нено Нинчевиќ.

Комбинацијата на четирите Новосаѓанки и  овој авторски двоец резултираше со певливата медитеранска песна во која ќе ужива сплитската публика на 6. јули на овој морски фестивал.

фото: фб Фрајле


Current track

Title

Artist