Француските филхармоничари во виртуелна изведба на класикот „Болеро“

Written by on април 4, 2020

Заглавени се во домашен карантин, ама тоа не ги спречува да музицираат заедно. Националниот оркестар на Франција ја постираше на Јутјуб својата изведба на „Болеро“ од Морис Равел – снимена со почитување на мерките за социјално дистанцирање. И Франција живее со рестрикции на движењето и јавните собири во настојување да се успори ширењето на коронавирусот, па користејќи ја видео и аудио технологијата, музичарите од Францускиот национален орјестар го снимија моќното дело на Равел – онлајн.

-Во овој деликатен период низ кој минуваме сакавме, наспроти дистанцирањето, да свириме заедно и да го споделиме она што најдобро умееме – музика. Сe надеваме дека овие универзални ноти на Равел ќе ви донесат топлина и утеха – порачаа француските музичари.

 

 

 


Current track

Title

Artist