Франција победник на Јуниорски евросонг 2022, топ-настап на Лара, Јован и Илина

Written by on декември 11, 2022

Победник на овогодинешното јубилејно 20-то издание на Детскиот избор за песна на Евровизија е Франција. Победи песната „Oh Maman!“ која ја изведе Лисандро.

Македонија со песната „Животот е пред мене“ во изведба на Лара Трпческа со Јован и Ирина се пласираше на 14-тото место со 54 бодови. Лара, Ирена и Јован поените ги добија од четири држави, еден поен од Холандија, пет од Ирска, четири од Србија и два од Украина, па гласањето од жирито го завршија со 12 поени.  Од публиката,пак, добија 42 поени.

Сепак, можеме да бидеме горди на нашите годинашни претставници, кои со својата ивездба, харизма и талент дадоа се од себе убаво да нѐ претстават во Ереван.

 

 


Current track

Title

Artist