ФОРТУНАТА-нова песна на Данијела!
Written by Р.Б. on јуни 23, 2022
Дивата на хрватската музичка сцена, Данијела Мартиновиќ, објави нова песна со наслов „ФОРТУНАТА“, песна со која по седум години се враќа на Сплитскиот фестивал.
„Минатата година, додека одмарав кај светилникот, некаде во раните утрински часови, Леа Деклева ми испрати песна испеана само со пијано. Ги ставив слушалките и го гледав хоризонт… Беше како безвременска филмска сцена… Се сеќавам на секој детал. Веднаш знаев дека песната мора да биде изведена исклучиво на „Прокуративите“ во мојот град, на Сплитскиот фестивал, на сцената која прва ме прегрна и ширум ми ја отвори вратата, во тој момент за мене – сосема нереалната иднина“, откри Данијела.

„Песната чекаше скриена една година, вели Данијела – исто како бисер.“
Името на песната, исто така е посебноo: ФОРТУНАТА… Е среќа која не е минлива…

Спотот во режија на Дарио Радушин е всушност исполнување на желбата на Данијела спотот да биде само основа за песната и да му овозможи на гледачот навистина да ја слушне песната.
Данијела песната ќе ја изведе во живо на Сплитскиот фестивал за што подготвува специјално изненадување.