Фикшн ја промовираа „Сега или никогаш“ на Андерфест!

Written by on октомври 6, 2021

Рок бендот Фикшн, составен од: Петар Ѓуревски – вокал, Виктор Захариев – гитара и вокал, Филип Андонов – бас гитара и Теодор Теодосиев, ги изненади своите фанови со новиот сингл „Сега или никогаш” .

Песната бендот ја издаде со видеозапис, а инспирирана е од New Wave и synth-pop звукот на 80тите години на 20 век, од артисти како Depeche Mode, Duran Duran, Tears for Fears и The Police. Истата е продолжение на приказната која бендот ја започна со својот претходен сингл „Дали знае”.

Автор на музиката и текстот е гитаристот на бендот, Виктор Захариев, кој стои и зад аудиопродукцијата, додека зад аранжманот се потпишува целиот бенд. Видеото е дело на режисерот Јован Саркањац, сработено во соработка со Сара Панковска и Мило Горгиевска. Миксот и мастерот се дело на Виктор Георгиевски, додека за графичкиот дизајн се погрижи Катерина Даниловска.


[There are no radio stations in the database]