Три години без Влатко Илиевски!

Written by on јули 7, 2021

Влатко не’ напушти во 2018 година, на 33-годишна возраст, само четири дена по неговиот роденден.

Кобната вечер, на 6 јули, ја добивме веста дека е пронајден мртов во неговиот автомобил, и сите се надевавме дека е некоја лоша шега, но за жал беше вистина.

 Влатко Илиевски прерано замина, но неговата музика е сѐ уште овде да сведочи за прекрасниот глас и неговата убава енергија, за младиот рокер со нежна душа, кој имаше уште толку многу да каже и да отпее.

Кариерата ја започна во почетокот на 2000-те и се стекнa со голема популарност. Изведуваше музички композиции со поп и рок елементи.

Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“. Пред да ја почне својата соло кариера, тој беше дел од групата „Морал“. Влатче беше дипломиран актер, а дипломската ја одбрани со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг.

На 12-годишна возраст почнал да свири на гитара во локалните скопски бендови. Првите посериозни почетоци му беа со групата „Made in Macedonia“ во 2000 година кога освоија две нагрди. Во 2000 година, македонскиот рок бенд „Морал“ му понуди да им се приклучи, а веќе следната година ги снимија првите песни. Во 2003 година го завршија албумот „Кога патувам“, на кој се најдоа темите „Панично те сакам“, „Скопје“, „Ти си“, „Ова е Македонија“ и „А ти ме убиваш“. Во 2005 година „Морал“ беа предгрупа на концертот на „Дип Прпл“ (Deep Purple) во Скопје.

Прерано те изгубивме, но твоите песни и твојата насмевка засекогаш ќе останат запаметени!


[There are no radio stations in the database]