Тончи Хуљиќ со нова песна посветена на внуката која ја очекува

Written by on мај 17, 2022

Популарниот хитмејкер Тончи Хуљиќ со бендот Мадре Бадеса го објави новиот сингл – „Баци око на мене“.

Специфична, интересна, шеговита, но и типична љубовна песна која го зборува универзалниот јазик на љубовта, пропратена со уште по интересна видео приказна во која Тончи и се обраќа на својата внука која ќе се роди летово и патува низ нивната заедничка иднина.
Во видеото Тончи Хуљиќ , на свој типичен самоироничен начин, се шегува на своја сметка , се шегува и со својот зет и внуката.

„Спотот е можеби една од моите „најлуди“ самоиронии, бидејќи во него се гледам себеси како витален 85-годишник“, низ смеа изјави Тончи Хуљиќ.


Current track

Title

Artist