Тончи Хуљиќ се зафркава со свингерите во нетипичната божикна песна
Written by Р.Б. on ноември 21, 2020
Ѕвончиња, каранфилче, навивање да падне снег и да побели брегот, и повторно да свири свинг на радио. Ова е вообичаениот празничен амбиент во пресрет на новогодишните празници во нетипичната божикна песна што ја промовираше деновиве хрватскиот музичар, композитор и продуцент Тончи Хуљиќ.
Песната „Од Божик до Божик“ Хуљиќ ја пее во дует со Марко Тоља.
-Секој Божик од радио почнуваат да ме малтеретираат Синатра, Бубле и остатокот од свинг-екипата, е па ова е мојата пресметка со свингерите. А Марко Тоља е еден од ликовите со кој особено сакав да се пресметам и, ете, имав среќа да се најде во оваа песна – духовито објаснува Хуљиќ.
Ако ја негувате смислата за хумор на Хуљиќ и на неговата естрадна фолк зафркантска група „Мадре Бадеса“, оваа наменска песна – многу ќе ви се допадне.