Тина Тарнер се врати на сцената!

Written by on јули 21, 2020

Легендарната Тина Тарнер, по 12 години, се врати на музичката сцена.

Имено, норвешкиот продуцент и диџеј Кајго,  направи ремикс на нејзиниот голем хит „What’s Love Got To Do With It“, кој за првпат беше објавен во 1984 година.

28-годишниот Кајго ја објави веста на својот профил на Инстаграм, заедно со фотографија на која позира со легендарната пејачка.

„Сè уште не верувам дека ја остварив оваа соработка со Тина Тарнер.

„What’s Love Got To Do With It“ е една од моите омилени песни на сите времиња и се чини нереално да се има можност да соработувам со таков легендарен уметник“, откри Кајго.


Current track

Title

Artist